News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
јули 10, 2024

Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода во која е полесно повредено едно лице се случи синоќа на пресекот на улицата „Галичица“ со „8-ми Септември“.

Порталот Охрид 1 јави дека во незгодата едно лице се здобило со лесни повреди и истото било пренесено е во Општата болница во Охрид. Во незгодата била причинета поголема материјална штета.

Екипи на СВР Охрид извршиле увид на лице место, по што ќе се утврдат причините кои довеле до незгодата. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука