Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
– Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 38