Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што претходно најави, врвниот македонски и охридски гитарист Владимир Четкар денеска го објави спотот за новата песна „Don’t Make Me Wait“.
Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски, во продукција на Harmonia Productions LLC.
Песната е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).
Ќе биде дел од најновиот студиски албум на Четкар „Let Us be“ кој ќе биде ексклузивно издаден на 18-ти септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа P-Vine Records, за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.
– „Don’t Make Me Wait“ е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во „Electrical Audio“ и во „Hi Fi Studios“ студијата во Милвоки, информираат од тимот на Четкар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива