ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Специјалците на АРМ денеска ќе спроведат вежба во Охрид – препад на пловен објект и командно место (Фото/Видео)

Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – По активностите од вчера, на потегот околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска продолжуваат со реализација на вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Во вежбата беше вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.

Денеска е планирано да се одржи тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место.

Припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили денеска ќе ги посети и Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова. По пречекот со воени почести, најавија од генералштабот на Армијата, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе биде брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, а способностите на припадниците на единицата ќе бидат презентирани преку показни вежби за изведување на операции на вода и приказ на боречки вештини.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

Погледнете дел од вчерашните подготовки.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука