ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на градот

Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на итните служби се соочуваат со проблем при извршувањето на своите задачи во Стариот дел на градот, реагираат од охридската Територијална противпожарна единица (ТППЕ Охрид).

Загрозеноста во овој дел на градот е оценета дека е со висок ризик.

– Проблемот е доста комплексен и првично треба да проработи свеста кај секој нас поединечно. Опасноста од блоковски пожари на овој потег е голема имајќи ја предвид збиеноста на објектите, неможноста за брзо и ефикасно интервенирање и слично, велат од противпожарната единица.

Потенцираат дека Стариот дел на градот е од исклучителна важност со оглед на тоа што поседуваме културно-историски споменици од непроценливо значење.

Самата конфигурација на теренот и паркираните возила покрај на пожарната ја отежнуваат работата и на возилата на Итната медицинска помош, служби кај кои некогаш и делови од секунда значат многу. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука