Избор Локална самоуправа

Министерката Божиновска во работна посета на Општина Охрид

Охрид, 12. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска ја прими министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На работниот состанок, градоначалникот Пецаков и министерката Божиновска потпишаа меморандум за соработка.

Страните потписнички меѓусебно ќе соработуваат и взаемно ќе укажуваат помош и поддршка со цел размена на информации, податоци, искуства, знаења, едукација и обука како и остварување на други видови на соработка согласно законски утврдената надлежност на дветре страни.

Целта на Меморандумот е регулирање и воспоставување соработка помеѓу страните потписнички во зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти, домаќинствата и индустријата, промовирање на зелена транзиција преку градење на капацитетите и размена на вештини. Зголемување на свеста, помош при пополнување апликации за меѓунродни фондови и институции, обука и работилници.

Потпишаниот документ отвора можност за организирање на заеднички настани, подготовка на извештаи и други форми на соработка кои ќе бидат договорени меѓу двете страни.

На работната средба се разговараше и за финансиските обврски на локалната власт по однос на потрошена електрична енергија на јавните претпријатија, а се разгледаа и можностите за реализирање на заеднички проекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука