Струга, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2. Август 2024 година, за големиот празник Илинден, Струга ќе биде домаќин на спортски фестивал.
Истиот ќе се одржи на кеј „8-ми Ноември“ (наспроти „Тинекс“ маркет) со почеток во 11:00 часот во дисциплините пливање, ватерполо, кајак, суп и такла скок.
– На само три недели до големиот спортски спектакл ве потсетуваме дека линковите за натпреварувачи и волонтери се се’ уште отворени, но не за долго. Местата во сите натпреварувачки дисциплини и волонтери се речиси пополнети и истите ќе бидат затворени во моментот кога ќе се достигнат предвидените бројки, дури и пред објавениот рок. Побрзајте, бидете дел од највжниот спортско-забавен настан ова лето и не дозволувајте другите да ви раскажуваат, порачуваат органиазторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива