јули 13, 2024

Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На плажата „Славија“, во организација на Rolling Wheels prospect Macedonia, денеска со почеток во 12:00 часот ќе се одржи второто издание на мото настанот Biker beach party.

– Забавата започнува во 12:00 часот, а продолжува со дефиле во 17:00 часот и вечерта. За атмосферата ќе се погрижат едни од најдобрите рокенрол бендови Crossroad Blues Band и The Backdoor Band, а ќе има и храна и пијалоци по пристапни цени. Исто така, обезбеден е и кампинг простор на самата плажа, порачуваат организаторите.

Додаваат дека оваа година ќе има изложба на половни мотори (10-20) кои ќе се продаваат само на денот на забавата по релативно ниски цени, а специјален гостин на настанот ќе биде и Александра, tatoo артист од Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука