Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи Света Архиерејска литургија во храмот „Пресвета Богородица Заумска“ во Заум

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква-Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува православните верници дека денеска ќе се одржи Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ во Заум кај Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна.

– Во 07:30 часот ќе се одржи утрена богослужба, а во 08:45 часот Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид.

Додаваат дека за верниците е организиран превоз од селото Трпејца, од местото викано „Надол“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука