Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Во вторник ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“

Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид, во вторник, на 16-ти јули 2024 година, со почеток во 19:00 часот, на плажата „Сараиште“ ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“.

– Почитувани пријатели, со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан. Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата собрана сума ќе биде донирана за децата од ранливи категории, информираат од вокално инструменталниот состав „Билјана“.

Додаваат дека бидејќи концертот ќе се одржи на плажа, посетителите да си понесат перниче, крпа и столче за седење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука