Охрид, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ООМУ „Методи Патче“ во Охрид, од 9-ти до 12-ти јули 2024 година се одржа семинар по пијано под раководство на реномираниот пијанист и педагог проф. Александар Сердар од Србија, во рамки на проектот „Летна музичка школа“ Охрид.
– Семинарот беше одлична можност за младите пијанисти-учесници и наставниот кадар во училиштето да ги прошири своите знаења од областа на пијанизмот и пијано-педагогијата, информираат од ООМУ „Методи Патче“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39