јули 14, 2024

Скопје/Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Република Македонија, во текот на месец јуни, од тестирани 415 лица, пријавени се вкупно 25 случаи на Covid-19 (I=1,4/100.000), информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија.

– Во однос на претходниот месец мај 2024 (n=12), се регистрира двојно зголемување на бројот на пријавени од Covid-19, a во однос на месец јуни 2023 (n=29) има намалување на заболените за 17,2%. Од заболените во јуни 2024, најголем број -14) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (7,3/100.000) се регистрира во Охрид, велат од Институтот и додаваат дека во текот на минатиот месец не се пријавени починати од оваа болест.

Во однос на возраста, регистрирани се осум заболени лица над 60 години, пет од 20-29 години, по три заболени од 0-9 години, 30-39 и 40-49 години, две лица на возраст од 50 години и едно на возраст меѓу 10 и 19 години.

– Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30-ти јуни годинава, пријавени се вкупно 350.625 потврдени случаи на Covid-19 (I=19.089,8/100.000) и 9.984 смртни случаи (Mt= 543,6/100.000; CFR=2,8%), информираат од ИЈЗ. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука