Вашингтон, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Куршум му го прободе десното уво на Доналд Трамп во она што ФБИ го истражува како „обид за атентат“ врз поранешниот претседател на САД за време на предизборен митинг во Пенсилванија.
Според органите на редот, во престрелката на 13-ти јули биле убиени две лица, вклучувајќи го и осомничениот стрелец, а двајца други гледачи биле ранети.
78-годишниот претпоставен републикански кандидат за изборите во 2024 година штотуку почна да одржува говор во градот Батлер во западна Пенсилванија кога се слушнаа неколку истрели, предизвикувајќи врисоци од толпата.
Можеше да се види како Трамп посегнува за да го почувствува десното уво пред брзо да се спушти зад подиумот каде што го одржуваше говорот.
Членовите на Тајната служба, кои се назначени да го штитат Трамп, како и другите врвни политички лидери, потоа излегоа на сцената и го опколија. Трамп беше извлечен и однесен во болница, по што неговиот портпарол изјави дека Трамп е „добар“. (Крај)
извор: Радио Слободна Европа фото: Радио Слободна Европа