Скопје/Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните два дена, на 13-ти и 14-ти јули 2024 година, регистрирани се 21 пожари на отворен простор, од кои 7 се се’ уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во нашиот регион, во текот на вчерашниот ден изгаснати се пожарите на ниска вегетација во селото Велгошти и на стрниште во струшкото село Корошишта.
Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид Борко Јанкулоски неодамна за Супер радио и OhridPress изјави дека граѓаните треба да се однесуваат совесно и одговорно и апелираше да ги почитуваат препораките на надлежните институции.
Потсетува да не се пали оган на отворен простор, што е строго забрането и казниво по закон. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид