јули 14, 2024

Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време поради што и понатаму ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека Република Македонија деновиве е зафатена од високи температури кои во делови од државата ќе се искачат и до 40. степени.

Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV индексот ќе биде 10, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.

– Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Денеска во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Промена на временската состојба се очекува од петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука