Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Oбјавен дизајнот на постерот за годинешното, 36-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Охрид, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ го објавија дизајнот на постерот за годинешното, 36-то издание.

– Велат, секој со својата планина. За поетите – Галичица. Таму срцебиењето трепери во ритамот на ѕвездите, таму и Сизиф би напишал песна, не за врвот, туку за искачувањето, информираат од фестивалот.

Дизајнот и оваа година е дело на Андреј Павлов.

Фестивалот ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август 2024 година во селото Велестово и во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука