Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 36. степени

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

UV индексот ќе биде 10, а максималната температура ќе се искачи до 36. степени.

– Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука