Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер од 19:00 часот на плажата „Сараиште“ ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во организација на ВИС „Билјана“ од Охрид.

– Почитувани пријатели, со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан. Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата собрана сума ќе биде донирана за децата од ранливи категории, информираат од вокално инструменталниот состав „Билјана“.

Додаваат дека бидејќи концертот ќе се одржи на плажа, посетителите да си понесат перниче, крпа и столче за седење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука