Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хипер маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ прослави 10 години успешна работа (Фото/Видео)

Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најсовремениот, Хипер маркет на „Тамаро“, лоциран на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ денеска прослави полни 10 успешни години работа.

– Ве очекуваме во периодот од 10:00 до 13:00 часот да бидете дел од прославата. Ќе имаме голем број промоции, попусти, изненадувања и забава за најмладите. Ајде да се забавуваме, да пазаруваме и да прославуваме заедно, порачаа од „Тамаро“.

Охридските „Тамаро“ маркети се водечки во овој регион, со бројка од 15 најсовремено опремени маркети и комплетна понуда за своите потрошувачи во Охрид и поширокиот регион.

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука