јули 17, 2024

Променливата динамика на економијата и промената на цените на пазарот може да доведат до зголемени трошоци за живот. Ваквите случаеви резултираат со потешкотии во заштедите на поединци, со што купувањето на имот од поголема вредност би било недостижна цел. Затоа, многумина се решаваат на заем од финансиска институција.

Кога станува збор за кредит од поголема вредност, банките и финансиските друштва нудат посебен вид на кредит, познат како хипотекарен кредит. Што е хипотекарен кредит и кои се условите за добивање на истиот ќе образложиме во продолжение.

Што е Хипотекарен Кредит?

Хипотекарен кредит е тип на заем обезбеден со невижен имот (колатерал), најчесто стан или куќа. Со овој тип на заем, заемопримачот може да позајми пари од финансиска институција, давајќи гарнација со недвижен имот кој го поседува или го купува. Хипотекарните кредити најчесто се користат за купување недвижен имот или за рефинансирање на постоечки хипотеки.

Условите за аплицирање за хипотекарен кредит се разликуваат од оние за потрошувачки, и се построги, бидејќи често хипотекарните кредити се од значително повисока вредност. Но, во зависност од намената на средствата од хипотекарниот кредит, може да се најде и брз кредит за отплата на рата од хипотекарен кредит, кој може да се земе за многу кратко време, преку финансиски друштва.

Што е Kолатерал?

Колатералот е вид на имот приложен од страна на заемобарателот како гаранција дека кредитот што финансиската институција го одобрила ќе биде вратен навремено и во целост.

Како колатерал за хипотекарен кредит може да послужат различен вид на недвижнини, вклучувајќи форми на станбен простор, деловен простор, дали за работа и складирање, земјоделско земјиште и слично.

Честопати, финансиските институции бараат вредноста на колатералот да биде повисока од целокупниот износ на кредит. Колку истата треба да биде повисока зависи од видот на недвижен имот кој се става под хипотека. Во пракса, најчесто покриеноста на кредитот со колатерал би било најмалку 120%.

На пример, за хипотекарен кредит од 1.000.000 денари, би било потербно вредноста на колатералот да биде 1.200.000 денари.

Услови за Хипотекарен Кредит

Заинтересираноста за аплицирање за ваков тип на кредит, доведува до прашања околу тоа што е потребно за аплицирање за хипотекарен кредит и како функционира хипотекарен кредит. Да ги погледнеме дел од условите:

Сликата е превземена од: freepik.com

Кредитоспособност

Прв од условите за хипотекарен кредит е кредитоспособноста односно кредитниот рејтинг на заемобарателот. Висок кредитен рејтинг рефлектира добра и стабилна финансиска дисциплина, што ја зголемува веројатноста за одобрување на кредитот со поповолни услови.

Стабилен приход

Втор, и исто така битен услов за одобрување на хипотекарен кредит е стабилниот приход на заемобарателот. Вообичаено, финансиските институции бараат доказ за постојано вработување или друг редовен извор на приходи, како извештај за примени последните три или шест месечни плати, или договор за работа.

Учество

Првично учество или предаванс е процентуален дел од вредноста на недвижниот имот кој заемобарателот мора да го покрие од сопствени средства. Висинана на предавансот односно учеството најчесто се движи од 10% до 20% од вкупната вредност на имотот.

Со ова се докажува одговорноста и способноста за заштеда и финансиска стабилност на лицето кое е заинтересирано за хипотекарен кредит.

Вредност на недвижен имот

Вредноста на недвижниот имот кој се става под хипотека треба да биде доволна за покривање на износот на заемот во случај на неизвршување на обврските. Во ваков случај, финансиската институција може да ангажира овластено лице за процена на имот кое ќе ја утврди пазарната вредност на недвижнината.

Во случај да корисникот на хипотекарен кредит не ги исполнил своите обврски, односно резултира на нередовна исплата на месечните рати од кредитот, финансиската институција има право да превземе мерки за заштита на сопствените интереси.

Каматни Стапки За Хипотекарни Кредити

Каматните стапки за хипотекарни кредити се еден од најважните фактори што ги разгледуваат заемопримачите при одлучувањето за земање на кредит. Како и за секој друг вид на кредит, каматните стапки за хипотекарен кредит може да бидат фиксни и промелниви (варијабилни).

 – Фиксните каматни стапки се карактеризираат со постојаност, односно, остануваат исти за целиот период на отплата на кредитот. Предност на фиксната каматна стапка е тоа што обезбедува стабилност и предвидливост на месечните рати, што е од голема помош во планирањето на личните финансии. Како негативна страна може да се спомене фактот што фиксната каматна стапка е повисока од почетната променлива каматна стапка, особено во периоди на ниски пазарни каматни стапки.

– Променливите или варијабилни каматни стапки се менуваат во текот на периодот на отплата зависно од пазарните услови и други економски фактори. Предност е што овој тип на каматна стапка може да биде значително понизок од фиксните, што резултира со помали месечни рати на почетокот на отплатата. Но, постои и ризик од зголемување на каматните стапки, што може да доведе до повисоки месечни рати во иднина.

– Хибридните каматни стапки се комбинација од двата горенаведени типови. Вообичаено, овој тип на каматни стапки започнува со фиксен процентуален износ за одреден период, па потоа се префрлаат на променлива стапка. Додека хибридните каматни стапки обезбедуваат стабилност на почетокот со можност за пониски стапки во иднина, не се исклучува и ризикот од зголемување по истекот на почетниот фиксен период.

Фактори кои влијаат на висината на каматните стапки

1. Кредитоспособност – висок кредитен рејтинг води до пониски каматни стапки бидејќи истиот се смета за низок финансиски ризик за заемодавецот.

2. Износ на кредитот – поголемите кредити често имаат помали каматни стапки. Во ваквите случаеви, финансиските институции може да понудат попусти и промотивни периоди со поповолни услови.

3. Предаванс (учество) – поголемо учество е показател за поголема финансиска одговорност на заемобарателот и претставува помал ризик за заемодавателот.

4. Рок на отплата – подолг рок на отплата може да се смета за поголем ризик за заемодавателот, што резултира со повисоки каматни стапки.

5. Економски услови – општата економска состојба и монетарната политика на централната банка влијаат на пазарните каматни стапки. Во периоди на економска нестабилност, каматните стапки може да се зголемат.

Сликата е превземена од: freepik.com

Заклучок

Знаејќи детали околу тоа што е хипотекарен кредит, како истиот функционира и кој е патот до добивање на хипотекарен кредит може да го олесни изборот на могумина кои размислуваат за заем од поголема вредност.

Покрај банките, хипотекарни кредити нудат и голем број од финансиските друштва, кои за многу кратко време може да ги обезбедат потребните средства. Секако, при аплицирање за хипотекарен кредит потребно е да се земе предвид дека висината на каматните стапки е индивидуален фактор кој воглавно зависи од кредитоспособноста, учеството, и рокот на отплата.

**Комерцијален текст

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука