Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на програмата на Општина Охрид наменета за најмладите, вечерва од 21:00 часот, на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се игра детската балетска претстава „Барби“.
Истата е во изведба на охридско детско балетско студио „Наталис студио“.
Изведбата на претставата е во рамки на проектот на Општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 64