Струга, 17. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јули 2024 година, во 19:15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга привеле 25-годишно лице од струшкото село Корошишта.
– При преглед во неговото возило, извршен кај местото „Мороишки мост“, Oпштина Струга, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Во друг случај, на 16-ти јули 2024 година, во 23:45 часот на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга привеле 24-годишно лице од Струга. Откако ги забележало полициските службеници, лицето фрлило ќеса со марихуана и дробилка, кои биле пронајдени и одземени. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: МВР фото: архива