Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Годините минуваат, а Старото кино во Охрид, киното „Охридско Езеро“ и понатаму останува руина и грда слика за туристите во строгиот центар на градот.
Запуштено, со искршени стакла, тоа претставува само слика на колективната неодговорност, иако, барем за охриѓани, има непроценлива историска, културна, а особено емотивна вредност.
На ова место е предвидено да се гради објект со ист габарит како постоечкиот со приземје, галерија и поткровје и не смее да се врши пренамена на истиот.
Зградата е изградена во далечната 1924 година. Првично се користела како сала за свадби, за од 1926 година, па се` до раните 80-ти години од минатиот век да се користи како кино сала. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 79