Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Изложба „Охрид 1900 година“ низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондарков

Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, во Охрид ќе биде отворена изложбата „Охрид 1900 година“ низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондарков во Македонија.

Изложбата ќе биде отворена во петок, на 19-ти јули 2024 година со почеток во 20:00 часот во куќата на Робевци.

Сите посетители ќе можат да ја погледнат до понеделник, 29-ти јули 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука