Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е во рамки на просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото е на кота од 693,58 м.н.в колку што изнесува просекот за јули и за 48 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е над просечната (22,8) и изнесува 25.5 степени целзиусови.
Во овој период на високи температури и отсуство на дожд. Се бележи пад на езерското ниво. Па, така од почетокот на месецов водостојот е намелен за 7 сантиметри.
Во Охрид денес сончево и многу топло време со услови за мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 35. степени.
– Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР