Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вкусот кој спојува, ќе не поврзе и ова лето во најубавиот Охрид. Лето 2024-то, Vincinni лето во Охрид, порача денеска познатиот радио водител од Супер радио Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со екипата и нашите пријатели од Тамаро и Vincinni се забавуваа и наградуваа на охридските плажи.
– И ова лето имаме многу изненадувања, подароци и секако дружење со нашата екипа насекаде низ Охрид. Време е за супер позитивна енергија и највкусните производи од Vincinni. Денеска поисетивме неколку плажи и имавме супер дружба со нашите пријатели, порача Жанко пред неговите млади пријатели од Охрид, но и земјата и целиот свет.
Традиционално и оваа сезона Супер радио и Тамаро организираат презентации на највкусните Vincinni произоди и во Хипер маркет на улицата „АСНОМ“ во текот на целото лето, забави на плажа, а секојдневно ќе добивате и СУПЕР вредни подароци на Супер радио.
Можете да учествувате и во оваа наградна игра секој работен ден од 09:30 часот на Facebook профилот на Супер радио. која ќе трае до крајот на август. Секој работен ден за вас имаме вредни награди од нашите Vincinni пријатели.
– Се’ што треба да направите е да го тагирате пријателот кој не може без некој од највкусните производи на Vincinni и да го споделите постот, потенцираат организаторите.
Тие порачуваат дека ова ќе биде незаборавно лето со Vincinni и „Тамаро“.
– Понесете насмевка и позитивна енергија, а за вкусните слатки задоволства и ова лето ќе се погрижи Vincinni, порачуваат од Супер радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес