јули 19, 2024

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројни институции и компании ширум светот, како аеродроми, банки, болници и медиуми, пријавија технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии во работењето, после ажурирањето на антивурусниот софтвер Crowdstrike кое предизвика блокирање на бројни уреди ширум светот кои користат Windows оперативен систем.

Забележани се значителни проблеми на аеродромите во Австралија, Германија, Холандија и Шпанија. Голем број летови беа одложени и на патниците им беше препорачано да контактираат со нивните авиокомпании за најновите информации.

Скај њуз беше во прекин во Британија, а голем број европски авиокомпании и аеродроми исто така пријавија проблеми. Водечките американски авиокомпании – Delta, United и American Airlines – ги прекинаа своите летови низ светот.

Хрватскиот министерот за транспорт Олег Бутковиќ изјави дека хрватската контрола на воздушниот сообраќај е исто така погодена од глобалните технички проблеми, пренесува Index.hr.

Како што пренесува BBC, сè повеќе извештаи сугерираат дека компанија за сајбер безбедност наречена Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, издаде ажурирање на софтверот што тргна наопаку и ги блокираше уредите со Windows. Ова предизвика феномен познат во IT како „синиот екран на смртта“ на компјутерите.

Од „Американ Ерлајнс“, најголемата авиокомпанија во светот по бројот на патници, изјавуваат за BBC дека ги приземјила сите свои летови низ светот и дека е во контакт со сите летови кои моментално се во воздух. Се вели дека проблемите со IT се предизвикани од „технички проблем со Crowdstrike што влијае на повеќе оператори“.

Од авиокомпанијата велат дека работи со фирма за IT безбедност за да се реши проблемот што е можно поскоро. Американ ерлајнс превезува во просек по 578.000 патници дневно. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука