Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурно деноноќие во Охрид: Два случаи на агресивно однесување, пријава за четири лица поради „насилство“

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во денешното издание на Полицискиот Билтен информираат за бурно деноноќие во Охрид. Регистрирани се два случаи на агресивно однесување, а поднесени се и пријави за четири лица поради „насилство“.

На 18-ти јули 2024 година, во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид агресивно се однесувало кон член на неговото семејство и се обидело да го нападне со остар предмет. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, на 18-ти јули 2024 година, во 23:10 часот на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, две лица од струмичкото село Баница на возраст од 32 и 21 година, го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 26 и 33 години и против две лица од селото Лешани, ОПштина Дебрца на возраст од 42 и 38 години, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Против едно од лицата е поднесена и пријава за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „оштетување“, а против две од лицата е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавените ги сториле кривичните дела на 11-ти јуни 2024 година, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, каде што го нарушиле јавниот ред и мир со насилничко однесување, ја загрозиле сигурноста на присутните, упатиле закани кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија и оштетиле службено полициско возило. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука