Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Започна четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“ (Фото)

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“, утрово, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, беше свечено отворено четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“.

Ќе настапат голем дел од најдобрите домашни натпреварувачи, како и бројни гости од соседството.

– И оваа година голем број пливачи ширум земјава и регионот ќе бидат дел од најголемиот пливачки настан на базен во нашиот град и пошироко. Митингот започна во 08:00 часот, стартот на трките беше во 09:00, додека пливачите вториот дел ќе го започнат во 16:00 часот, информираат организаторите.

На свеченото отворање на пливачкиот митинг во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.

– Oваа манифестација е од големо значење за развој на пливањето како спорт. Упатувам честитки до организаторите со надеж дека оваа манифестација ќе се организира и во иднина, истакна Јамандиев кој нагласи дека Локалната самоуправа останува доследна на заложбите за континурано помагање на спортот и спортистите.

Помагатели и спонзори на настанот се: Општина Охрид, Супер радио, Магна Мирорс и ЈП „Билјанини извори“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука