Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Вечерва круна на 30-годишната љубов кон музиката: „Најдоброто од Ѓоко Танески“ од 21:00 часот на Антички театар

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот Ѓоко Танески ќе прослави 30-години успешна кариера со големиот концерт кој ќе се одржи вечерва, 20-ти јули 2024 година, со почеток во 21:00 часот на сцената на Античкиот Театар во Охрид.

„Најдоброто од Ѓоко Танески“ е насловен концертот на кој охридскиот музичар ќе го придружуваат „Камерениот Оркестар” од Битола“, како и специјалните гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

– Дојдете и уживајте во неговите најголеми хитови „Една љубов имам“, „Збогум најмила“, „Мој пријателе“, „Цветај расцветај“, „Јас ја имам силата“ и останатите големи хитови во кои ужива публиката изминативе три децении, порачуваат организаторите.

И овој концерт ќе биде еден од оние кои ќе го одбележат најубавото годишно време, кое сите го очекувавме во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука