Избор Свет ТОП ВЕСТИ

Џо Бајден се откажа од претседателската кандидатура во САД

Вашингтон, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот претседател Џо Бајден се откажа од кандидатурата на претстојните претседателски избори во таа земја.

Потегот на Бајден доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и претставува еден од клучните моменти на кампањата.

Преку писмо објавено на социјалните мрежи, американскиот претседател наведува дека „во најдобар интерес на мојата партија е да се повлечам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“.

– Најголема чест во мојот живот беше да служам како претседател на САД. Иако мојата намера беше да се кандидирам за реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и земја да се повлечам и да се фокусирам на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат, истакнува меѓу другото Бајден.

Во претходните недели имаше интензивен притисок во Демократската партија по лошиот настап на Бајден во телевизиската дебата со Доналд Трамп кон крајот на јуни. Бајден се соочуваше со зголемени повици да се повлече поради загриженоста за неговата возраст, здравје и способност да ја води земјата. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука