Охрид, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на административната зграда при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска се изврши примопредавање на функцијата директор на Установата.
Досегашниот директор, д-р Асен Шајн ја предаде должоста на новиот в.д. директор, д-р Горан Маркоски, со желби за понатамошен успех и континуитет во работата.
– Ова примопредавање означува продолжување на посветеноста кон квалитетна здравствена нега и задоволството на пациенти. Процесот на надградба на квалитетната здравствена заштита ќе биде приоритет во иднина, со фокус на иновации и одговорност кон заедница, порачаа од ЈЗУ Општа Болница Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 142