Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Давид Јовановски од Пливачкиот клубб „Орион“ од Скопје во машка и Леона Величковска од клубот „Бета Шаркс“ во женска се прогласени за најуспешни пливачи на четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“.
25 и клубови од земјава и странство пријавија свои учесници на манифестацијата, која од година во година прераснува во сериозен спортски настан. Младите пливачи постигнаа одлични резултати, а Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје беше прогласен за најдобар клуб по основ на освоени медали, а клубот 3 Disciplines од Струга освои најголем број на медали.
– Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“ е само доказ дека нашиот клуб, нашата организација и нашиот тим од година во година растат се’ повеќе, добивајќи на квантитет и што е поважно на квалитет. Над 250 лица на насмеани и полни енергија пливачи од земјава и странство. Позитивни емоции „до плафон“ по некое разочарување, кое секако е составен дел од спортот и кое ги гради пливачите во посилни индивидуи и карактери, порачаа организаторите од охридскиот Пливачки клуб „Акваспирит“.
Помагатели и спонзори на настанот беа Општина Охрид, Супер радио, Магна Мирорс и ЈП „Билјанини извори“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес