Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Едни двајца“ кај третиот го снимаат хитот за ова лето: Владо Броз и Dj Марама заедно со продуцентот Јовица Каралиевски

Охрид, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јовица Каралиевски, познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец, утрово на неговиот профил на Facebook ја најави новата песна и соработка со двајца охриѓани, за која уште во најава, без да се слушне, се насетува дека ќе биде хит.

– Внимавајте во Охрид се појавија „едни двајца“, ама јас ги знам од порано… Не се овие од „чера“. По кафаниве прает лом… Мене ми дојдоја сношти… Мак сега малу било песна за летово, пак и на Охрид Фест – Охридски Трубадури да пееле… Зато пазите. Скоцкавме нешто „тројцава“, за брзо ќе кажите вие дали ќе фатит место работата, порача Каралиевски.

Владо Броз и Dj Марама се едните „двајца“ за кои Каралиевски го подготвува новиот летен хит, а важат за една од најпознатите и најпопуларните музички атракции во Охрид, но и многу пошироко периодов наназад.

За ова доволно зборува и фактот што за само еден ден беа комплетно распродадени сите билети и резервации за нивниот настап закажан за овој петок во охридското Форт Кафе, каде двајцата ќе ги изведуваат најголемите хитови на Ѓорѓе Балашевиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: George Piruze

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука