Струга, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јули 2024 година, во 17:45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во струшкото село Велешта, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 67-годишно лице од Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61-годишно лице од истото село, со живеалиште во Република Австрија.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 74