Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

„Малите Ѕвездички со К-2“ во петок ќе настапат на плоштадчето „Вангел Наумовски“ кај Мини маркет

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок на 26-ти јули 2024 година, со почеток во 20:00 часот на малото плоштадче „Вангел Наумовски“, кај Мини маркет по 4-ти пат ќе се одржи музичко-сценската манифестација „Малите Ѕвездички со К-2“ како дел од проектот на Општина Охрид „Културата расте со децата“.

Ќе настапат 20 дечиња К-2 Ѕвездички со своите песнички кои се напишани и создадени во мојата музичка работилница во текот на оваа година.

– Ќе ви направиме еден супер концерт за деца, родители, роднини, пријатели, баби и дедовци, татковци и мајки. Вие дојдете и со вас донесете само добро расположение. Огромна благодарност до сите што нѐ поддржуваат сега и во изминатите години, порачаа организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука