Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни спортско-рекреативни настани, годинава ќе се одржи второто издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.
– Погледнете ја нашата спортска рекреативна програма и дознајте за сите настани кои Ви ги подготвивме.
Благодарност до сите спортски клубови кои се дел од овој фестивал. Само заедно, сплотени ќе ги издигнеме водните спортови на врвот, порачуваат организаторите.
Ohrid Water Festival ќе се одржи од 23-ти до 31-ви август 2024 година.
– Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија. Веќе е подготвена детална програма со 20 спортски настани кои верувам дека ќе донесат незаборавно доживување за учесниците и ќе го привлечат вниманието на публиката. Покрај сите традиционални натпревари и настани, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 31-ви август, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Фестивалот има за цел промоција и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда.
Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива