Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, Општина Охрид, со тех. бр. 03-123/23 од септември 2023 година, изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Нимаер“, ДООЕЛ увоз извоз од Струга.
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, општина Охрид, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за изработка на измена и дополна на УП за село Трпејца Општина Охрид, тех.бр. Y24607 од октомври 2007 година, изработени од Агенција за планирање на просторот, со Решение за Услови за планирање на просторот, арх.бр. УП15-4639/4 од 08.11.2007 година од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Површината на проектниот опфат изнесува 2641.04 м2. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, Општина Охрид, со тех. бр. 03-123/23 од септември 2023 година, изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Нимаер“ ДООЕЛ увоз извоз Струга, надлежниот орган во електронска форма го става на увид на јавноста со објавување на службената веб страна на Општина Охрид и на официјалната страна од е-урбанизам.
Евентуални забелешки можат да се достават секој работен во архивата на Општина Охрид, од 24.07.2024 до 07.08.2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива