Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

TUI Airways со нова група гости кои ќе уживаат во летниот одмор на Охридското Езеро

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија до нашата редакција фотографија од авион на TUI „фатен“ во моментот кога слетува на охридскиот аеродром.

Фотографијата е направена од стариот патен правец Охрид-Струга.

На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, на 26-ти мај годинава пристигнаа првите 190 патници со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер.

Со два лета неделно, до крајот на септември голем број патници ќе имаат можност да уживаат во својот летен одмор и да создаваат спомени покрај Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука