Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новиот сингл на нашиот Dj и продуцент Галоски „Hypnotized“ беше премиерно емитувано во емисиите на Tiësto и Armin van Buuren.
Галоски е многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Тој е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика. Со итнернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за најголемите реномирани издавачки куќи во светот, летниот период последниве неколку години се само дневна рутина за него.
Минатата недела имаше и ново клубско издание „Hypnotized”, во соработка со јапонскиот Dj и продуцент Yaksa, издадено од Hysteria Records, кое беше премиерно емитувано во радио емисиите на две од најголемите диџејски имиња на сите времиња, глобалните музички ѕвезди Tiësto и Armin van Buuren. Ја достигна и позицијатa број 1 на Trending Tracks на глобалнo ниво на 1001Tracklists. Изданието доби поддршка и од греми добитникот Afrojack, како и домаќините на славниот Тумороуленд – Dimitri Vegas & Like Mike, Timmy Trumpet, Fedde Le Grand, R3hab и др.
Агендата на Галоски летово е исполнета со настапи ширум земјава, а и најавени настапи низ целиот Балкан. Минатата недела имаше настап во Будва на самиот почеток на летната сезона. Веќе има најавено ново издание за крајот на летото и интернационална турнеја низ Азија и Европа оваа есен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива