Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти јули 2024 година, во 05:15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид.
– При преглед кај него е пронајден лап топ компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 47