Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Струга доминира во полицискиот Билтен: Физички напади, пронајдена дрога, две лица повредени во сообраќајна незгода…

Струга, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територија на Општина Струга доминираат во денешниот полициски Билтен: Физички напади, пронајдена дрога, две лица повредени во сообраќајна незгода…

На 24-ти јули 2024 година, во 10:25 часот, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 50-годишно лице од Охрид, кој претходно на отворен простор во склоп на царинскиот терминал во Струга физички нападнал 42-годишна жена од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24-ти јули 2024 година, во 12:00 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека на локален пат во селото Октиси е нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз 30-годишно друго лице, двајцата жители на селото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24-ти јули 2024 година, во 22:50 часот, на крстосница од регионален со локален пат помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото Лабуништа и патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишно лице од селото Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22-ри јули 2024 година, на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, предмети со остатоци од херои и една дигитална вага со остатоци од хероин. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука