Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Оваа сабота забава со Диско „Палас“ хитовите во „Paulaner beer Garden“

Охрид, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Уживајте во најголемите хитови кои се слушаа во некогашната култна дискотека – Диско „Палас“, оваа сабота во „Paulaner beer Garden“, со прекрасен поглед кон езерото, на потегот пред хотел „Палас“.

– Да се забавуваме како во старите добри времиња. Затоа што во Охрид секогаш се слушала најубавата музика, порачуваат организаторите.

Стартот на забавата е закажан за 21:00 часот.

– Ако барем еднаш сте стапнале во храмот на забавата во Охрид, присуството е задолжително :) – порачуваат од „Paulaner beer Garden“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука