Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за иселеништво на 25 јули свечено беше отворена 16-та по ред Летна школа за учење македонски јазик што се одржува во Конгресниот центар покрај Охридското Езеро.
На отворањето на учесниците им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и им посака успешна работа и незаборавен престој и дружење во татковината.
На Школата присуствуваат деца од Шведска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Франција, Малта, Босна и Херцеговина, Германија.
Директорот Близнаковски им додели дипломи на децата, а на наставничките Деспина Велинска, Сашка Соломоновска Јаневска, Розита Закева, како и на директорката на хотелот, Тања Мангоска, им подари икони од христијански светци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива