Охрид, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Препознатливата гастрономска понуда на Охрид – ѓомлезе, комат, питулици, макало, но и дел од богатата традиција на нашата земја, локалните производители, чувари на традицијата вечерва ќе бидат не едно место, на плоштадот „Долна Порта“ ќе се одржи третото издание на „Вкусете го Охрид – локално“.
Ќе се потсетите на изворниот вкус на охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин, ќе слушнете како што настанало и ќе уживате во добра музика, велат организаторите Slow Food Ohrid.
– Настанот во сабота е можност да ја промовираме храната што генетски ја препознаваме, да ги измериме капацитетите на „бавна” храна наспроти трендот на брза и неквалитетна храна. Слоу Фуд посакува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, за производителите и за конзументите. Пристапот се заснова на концептот за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична, додаваат од Slow Food Ohrid.
Slow Food Ohrid е дел од Слоу Фуд Македонија и поради извонредната местоположба и преку своите уникатни приказни е надоен со искрена љубов кон традицијата, почитување на природниот биодиверзитет и локален идентитет.
Настанот „Вкусете го Охрид – локално“ е со почеток во 19:00 часот, организиран од движењето Slow Food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Слоу Фуд Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива/ОхридПрес