јули 27, 2024

Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) ноќеска интервенираа на пожар кој избувна на депонијата „Мауцкер“ во близина на Охрид.

Утрово пожарот повторно гореше, а истиот по големината можеше да се забележи од повеќе делови на градот.

Од ТППЕ Охрид утрово за Супер радио и OhridPress информираа дека интервенирале со соодветен број возила и пожарникари и дека и понатаму работат на гасење на пожарот.

Пожар на оваа локација беше пријавен и неодамна, на 16-ти јули, при што исто така интервенираше екипа на  Територијалната противпожарна единица од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука