Вашингтон, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот сенатор од Републиканската партија и шеф на комисијата за вооружените сили на американскиот сенат, Џон Мекејн, ја подложи на критика германската канцеларка Ангела Меркел, поради неподготвеноста да испрати оружје во Украина.
Сенаторот ја обвинил Меркел за неактивност.
Според него, политиката на Европа кон Русија предизвикува кај него разочарување. Мекејн смета дека властите во Германија или немаат поим што се случува во Украина, или им е сеедно за тоа.
Лидерите на Франција и Германија синоќа ја напуштија Москва доцна во ноќта по петчасова средба со Владимир Путин со ветување да продолжат преговорите за прекин на борбите во Украина. (Крај
извор: ОхридПрес/Fokus фото: архива
Прочитано: 54