Охрид/Струга, 28. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информациите поместени во денешното издание на Полицискиот Билтен информираат за бурно деноноќие во Охрид. Регистрирани се случаи на физички пресметки, агресивно однесување, пронајдена дрога, семејно насилство…
На 27-ми јули 2024 година, во 18:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз 58-годишно лице, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27-ми јули 2024 година, во 18:00 часот во угостителски објект на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 50-годишно лице од Скопје затоа што агресивно с еоднесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27-ми јули 2024 година, во 13:57 часот во СВР Охрид е пријавено дека на нива со сува трева и нискостеблеста вегетација во атарот на охридското село Долно Коњско, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 28-ми јули 2024 година, во 03.00 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 28-годишно лице од Охрид. Тој бил затекнат при користење бела прашкаста материја, која се обидел да ја фрли откако ги забележал полициските службеници, по што и физички им се спротивставил. Прашкастата материја била одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28-ми јули 2024 година, околу 01:00 часот на улицата „Галичица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид, кое претходно физички ја нападнало неговата сопруга и агресивно се однесувало кон други членови на семејството. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27-ми јули 2024 година, во 14:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на плажа на брегот на Охридското Езеро во Струга, повеќе лица физички нападнале две лица од Струга на возраст од 22 и 20 години. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27-ми јули 2024 година, во 19:10 часот, на крстосница од регионален пат Р1201 со регионален пат Р2240, пред село Вевчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од страна на 76-годишно лице од селото Велебрдо, општина Маврово и Ростуше и патничко возило „Смарт“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 52-годишно лице од струшкото село Велешта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две лица од село Велешта, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Во незгодата било повредено уште едно лице, чии телесни повреди биле констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од полициски екипи од ОВР Струга. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес