Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР со Метео Аларм за утре, 29-ти јули: Портокалово ниво со температури над 30°C, наместа и над 40°C

Охрид/Скопје, 28. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) за утре, понеделник, 29-ти јули 2024 година, на повеќе места низ државата ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во Охрид се очекува температура од 34°C. Ќе дува засилен ветер од над 60 км/час.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на летото во неколку наврати излегоа со совети за справување со топлото време. Препорачуваат граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и широка памучна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира.

– Активностите што ги планираат граѓаните да се одвиваат пред 11:00 и по 17:00 часот, додаваат од ИЈЗ.

Повеќе за препораките за справување со топлото време ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука