Охрид, 29. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни четири месеци по синглот „Друго“, пејачката Ивона Јо на својата публика и подари уште една парче музика, песната „Тие очи“, втора за неа оваа година.
Станува збор за модерна поп-песна со побрз ритам, која совршено ќе „легне“ во комбинација со долгите летни денови.
Спотот за „Тие очи“ е дело на режисерот Мартин Трајановски, а е снимен во најубавиот град на светот – нашиот Охрид. Текстот е на Тамара Волческа, музиката на Zox, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.
Од денеска можете да ја слушате и на Супер радио, местото каде полни 31. година живее најубавата музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 165